top of page

За Илина
ИЛИНА
Изградена врз знаење, водена од грижа
Илина Недановска основач и управител на центарот и дипломиран логопед со завршени академски четиригодишни студии по логопедија на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Нејзината стручна основа е изградена врз современи научни знаења, клиничка пракса и посветена работа со деца и возрасни со говорно-јазични потешкотии.
Моментално е запишана на мастер студии во Белград, со цел понатамошно продлабочување на стручноста и примена на современи пристапи во логопедската дијагностика и терапија. Нејзината работа се темели на индивидуален пристап, професионалност и посветеност кон секој клиент и семејство.

bottom of page
