Креативни начини за поттикнување на говорот во домашни услови
- Илина

- Apr 22, 2025
- 1 min read
Updated: Apr 3

Говорот најдобро се развива кога детето се чувствува сигурно, слушнато и вклучено. Еве неколку едноставни, но ефективни идеи што можете да ги применувате секојдневно:
1. Вклучете го детето во секојдневните активности
Додека готвите, средувате или пазарувате – именувајте предмети, опишувајте што правите и поставувајте прашања. „Сега ја миеме јаболката. Каква боја е ова јаболко?“
2. Искористете ја играта со колички или животни
Правете звуци („брум-брум“, „муу“, „ав-ав“) и поттикнувајте имитација. Звуците често се првиот чекор кон зборовите.
3. Игра пред огледало
Правете смешни фацијални изрази, изговарајте звуци и гледајте ги движењата на устата. Ова ја зголемува свесноста за артикулацијата.
4. Дајте време за одговор
Поставете прашање и почекајте. Тишината му дава простор на детето да размисли и да се обиде да зборува.



Comments