Совети за родители
- Илина

- Aug 27
- 1 min read

1. Зборувајте со детето низ разни секојдневни ситуации
Користете ги обичните активности – јадење, бањање, игра, прошетка – како можност за разговор, именување предмети и проширување на речникот.
2. Дајте му време на детето да се изрази
Не одговарајте наместо него и не го прекинувајте. Доволното време за обработка и формулирање на одговорот е важен дел од успешната комуникација.
3. Бидете добар јазичен модел
Користете јасен, правилен и граматички точен говор. Доколку детето направи јазична или артикулациска грешка, моделирајте го правилниот облик без критика и без постојано барање да повторува.
4. Поттикнувајте го јазикот преку игра и читање
Заедничкото читање, раскажувањето приказни, песните, римите и симболичката игра го поттикнуваат развојот на речникот, граматиката, разбирањето и наративните способности.
Најважнo! Реагирајте навреме при забележани отстапувања во развојот
Доколку забележите отстапувања во говорно-јазичниот или когнитивниот развој на детето, не чекајте тешкотиите сами да исчезнат. Навремената стручна проценка овозможува рана идентификација на развојните потреби и навремено совладување на предизвиците со говорот.



Comments